Архитект - Зоран Николовски

Роден во 1968 год. во Битола, каде што завршил средно училиште за архитектура. Дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје. Како студент е ангажиран кај Проф. Владимир Георгиевски, како негов асистент во неколкку театарски претстави: "Рознкранц и Гилгестерн се мртви", "Црно Писмо" и др. 
По завршувањето на студиите дебитира како самостоен сценограф во велешкиот Театар со претставата “Вазна од Порцелан“ .Потоа ги работи следните театарски претстави: “Фарса за Храбриот Науме“ и “Духот... “ (Народен Театар „Ј. Х. Џинот“ - Прилеп), "Будење" (Велес).  Во 1999 год. е ангажиран како сценограф и костимограф во два анимирани филмови: "Патот на свилата" и "Пиетас-принцеза на штрковите",а во 1999 год. ја изработува сценографијата за детскиот фестивал "Тра-ла-ла" во Битола. 
Истата година ја организира својата прва самостојна изложба на цртежи, слики и скулптури насловена "Месечева соната". 
Во 2005 година втората самостојна изложба “Сеќавање на Мајсторот“, а во 2009 третата самостојна изложба на слики и скулптури “Учителот“. Со Оперска сценографија дебитира во 2000 год. со оперската претстава „Lucia di Lammermoor” (G. Donizetti). 
После тоа следуваат сценографиите за оперските претстави: "Turandot" (G. Puccini), "Tosca" (G. Puccini), "Il matrimonio segreto" (D. Cimarosa), "Der Besuch der alten Dame" (Gottfried von Einem).  
Во 1999 година во битолски театар ја изработува сценографијата за мјузиклот  “Свирач на покривот“, а во 2013 "Тартиф" од Ж.Б.П. Молиер. 
Во 2012 целосно го дизајнира мјузиклот “Ева Перон“, по повод отворањето на битолско културно лето.
Во 2011 година го изработува проектот и дизајнот (екстериер и ентериер) за музејската поставка во спомен куќата на Македонската револуција "Участакот" во Прилеп, како и музејската поставка во НУ Завод и Музеј во Прилеп.
Во 2014 година ја изработува сценографијата за музичкиот фестивал "Макфест" во Штип.Во 2014 година ја изработува сценографијата за играниот филм  "Збор", и сценографија за оперското дело "Cosi fan tutte", od W.A.Mozart, чија премиера се одржа на  отворањето на фестивалот на класична музика, "Интерфест" во Битола.
Во 2014 година ја изработи сценографијата на театарската претстава "На дното", во Народниот театар во Охрид.
Во 2016 година ја изработува сценографијата за театарската претстава "Хамлет од долна Мрдуша" во прилепскиот театар и Оперската претстава за деца "Црвенкапа", во склоп на Мајските Оперски вечери.
Во 2017 година ја изработува сценографијата за оперското дело “Помеѓу соништа и летови”, во МОБ, со режисерот Љупка Јакимовска.
Во 2018 година ја изработува сценографијата за Операта Боеми, на отворањето на мајските оперски вечери, и сценографијата за театаеската претстава “Демократија” во прилепскиот народен театар, со режисерот Кирил Петрески.
Во 2019 година како Уметнички директор, учествува во реализацијата на два играни филмови: “Најтешкото нешто” и “Небеса”Тој е еден од главните иницијатори за проектот на Општина Битола - "Битолска  Опера", и првата оперска претстава "Don Pasquale" - G.Donizetti, каде ги изработи сцениграфијата и костимографијата.
Вработен е како архитект во Битолскиот Музеј.  
Од 2006 до 2010 ја извршувал функцијата Директор на НУ Завод и Музеј – Битола, кога беше отворена најимпозантната музејска поставка во нашата држава со преку 1300 арте-факти, заради што оваа институција ја доби престижната награда на ICOM (меѓународна организација на музеи), за најдобар музеј на Балканот за таа година.
Во брак е, и татко на две деца.




Симпозиуми и конгреси:

Редовен учесник на симпозиуми и конгреси. Со научни прилози учествувал во Истанбул (Р.Турција), Лондон (Велика Британија), Барцелона (Шпанија), Белград (Србија), Велико Трново и Стара Загора (Р.Бугарија) и др.


Членство:

Од 2002 година е член на светската организација на архитекти, сценографи и филмски дизајнери  "OISTAT".Website: www.mystagedesign.com





1 comment:

  1. Vampires in the Enchanted Castle casino - FilmFileEurope
    Vampires in the 출장샵 Enchanted Castle Casino. https://deccasino.com/review/merit-casino/ Vampires in the Enchanted Castle Casino. https://septcasino.com/review/merit-casino/ Vampires in the Enchanted Castle Casino. filmfileeurope.com Vampires in the Enchanted Castle Casino. https://septcasino.com/review/merit-casino/ Vampires in the Enchanted

    ReplyDelete